Како да станете член

Членството се остварува преку кратка апликација, потврда од органите на Здружението и плаќање на годишната членарина.

  1. 01

    Проверете дали ги исполнувате условите

    Членството во ИКТ-АКТ е отворено за поединци чии професионални, научни, образовни, истражувачки, иновативни или експертски интереси се поврзани со информатиката, информатичките и комуникациските технологии, вештачката интелигенција, роботиката и сродните области.

  2. 02

    Пратете барање

    Кандидатите може да испратат барање за членство до Здружението со своето име и презиме, институцијата во која работат, контактни податоци и краток опис на нивните истражувачки или професионални интереси. Управниот одбор ги разгледува апликациите за членство, а Собранието ги потврдува новите членови во согласност со Статутот.

  3. 03

    Платете членарина

    По приемот, членовите добиваат информации за членарината и начинот на плаќање. Страницата за онлајн плаќање на членарината е достапна преку линкот подолу.